logo
logo
logo

За само еден сендвич ЛЕТАЛ 130 КМ СО ХЕЛИКОПТЕР (ВИДЕО)

Vecer | 13.03.2021

За само еден сендвич ЛЕТАЛ 130 КМ СО ХЕЛИКОПТЕР (ВИДЕО)

Неверојатното видео ги зачуди прво граѓаните на Велика Британија, а потоа и остатокот од светот.

Некои луѓе ќе направат се за да стигнат до омиелената храна, а тоа е особено полесно ако си богаташ на кој не му се допаѓаат „фенси“ јадењата па за сендвич ќе поминеш и километри.

На видео од Британија може да се види како еден маж како седи во хеликоптер на ливада, а му му приоѓа локален работник во продавница со торба во рацете. Човекот ја зема и брзо полетува со хеликоптерот.

Се испостави дека „разгалениот“ Британец летал 130 километри со хеликоптер за да го добие својот омилен сендвич.

Но тој сега е под полициска истрага за кршење на мерките кои што биле на сила, односно во тоа време на сила бил карантинот.

Но што да прави човекот кога толку сака сендвич по цена на се ќе оди по него.

Засега е познато само дека ќе биде казнет многу, а можеби ќе му биде одземена и лиценцата за хеликоптер.

[embed]https://youtu.be/IVXV1O_GKLQ[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk