logo
logo
logo

СВЕТОТ ВО ШОК

За ручек СКОРПИИ, за вечера ТАРАНТУЛИ - еве што јадат децата на Анџелина Џоли (Видео)

Vecer | 28.06.2022

За ручек СКОРПИИ, за вечера ТАРАНТУЛИ - еве што јадат децата на Анџелина Џоли (Видео)

Постои една изрека која вели дека „за вкусовите не треба да се расправа“, меѓутоа, изборот на исхрана што популарната убавица Анџелина Џоли го избра за себе и за своите деца го згрози целиот свет.

Анџелина моментално снима филм во Камбоџа, од каде потекнува нејзиниот најстар син Медокс, а на тоа патување ги однела и децата. Во сетот уживаат на необичен начин, а посебно внимание посветуваат на подготовката на храната. Користат храна која се наоѓа во нивната околина, а на менито има скорпии, пајаци и бубачки.

Анџелина за време на интервју за Би-би-си споделила видео на кое може да се забележи како познатата актерка подготвува ручек за своето семејство.

- Уживаа да јадат скорпии, особено Шајло. Таа сака тарантули и бубачки. Сите мои деца можат да изедат кеса штурци како кеса чипс, навикнати се на тоа. Сега учам како подобро да готвам инсекти со малку зачин – изјави актерката и ја згрози јавноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk