logo
logo
logo

За рекордни 114 милиони евра е продадена приватната колекција на Живанши

Vecer | 22.06.2022

За рекордни 114 милиони евра е продадена приватната колекција на Живанши

Клучните 800 дела, составени од уметнички дела - слики и скулптури и извонреден мебел од 18 век, се продадени на аукција организирана од 14 до 17 јуни.

Две онлајн продажби кои вклучуваат уште 478 групи артикли се одржуваат онлајн и завршуваат утре.

Предметите понудени на физичката аукција се продадени за вкупно 114,4 милиони евра, двојно повеќе од проценетите 50 милиони евра. Поставени се нови рекорди кога е во прашање продажбата на антички мебел од германскиот мајстор Дејвид Рентген.

„Жената што оди“, скулптура на Алберто Џакомети, продадена за 27 милиони евра и е најскапото уметничко дело продадено во Франција од почетокот на годината, како и рекордна сума за дело од надреалистичкиот период на тој уметник.

Меѓу продадените дела се и дела на Џоан Миро и Пабло Пикасо. На аукцијата учествуваа купувачи од целиот свет, од кои 57 отсто од Европа и Блискиот Исток, 30 отсто од Америка и 12 отсто од Азија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk