logo
logo
logo

За малку ќе си ја снимев СОПСТВЕНАТА СМРТ! Босанец преживеал УДАР ОД ГРОМ, а само сакал да снима невреме

Vecer | 07.06.2023

За малку ќе си ја снимев СОПСТВЕНАТА СМРТ! Босанец преживеал УДАР ОД ГРОМ, а само сакал да снима невреме

Исмет Алијагиќ Чиќмо 6 јуни ќе го прослави како втор роденден откако доживеа невидено искуство во дворот на куќата во центарот на Бихаќ. За време на силното невреме што вчера го зафатило градот Алијагиќ доживеал удар од гром, но, за среќа, не е повреден и планира трајно да го обележи местото каде што се видливи помали штети.

Алијагиќ бил во градината кога удрил гром.

- Го набљудував силното невреме и случајно почнав да снимам како обилниот дожд паѓа врз цвеќињата. Немав поим што ќе се случи. Моето куче покажуваше вознемиреност и страв. Трепереше и не се оддалечуваше од мене - вели Алијагиќ.

 

Случајно го забележал ударот на гром кој удрил во чадорот за сонце во градината на само метар и половина од местото каде што бил Алијагиќ.

 

- Како Тајсон да ме удри. Видов блесок и почувствував силен удар кој ме „оддува“ внатре. За секунда помислив дека ми го удри телефонот и ми го исфрли од раце. Лежев таму околу една минута, а потоа се упатив кон мобилниот со намера да го исклучам бидејќи очекував нов шок. Шокот помина за неколку минути, па ги фотографирав последиците. Немаше страв бидејќи бев припадник на специјалната полиција и бев ранет три пати, но ова е секако нешто што не може да се заборави, додава Алијагиќ.

Коментарите на социјалните мрежи продолжуваат да се редат. Многумина го гледаат видеото и не можат да поверуваат колку Алијагиќ бил блиску до смртта.

- За малку си ја снимив сопствената смрт! Ух - напишал Алијагиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk