logo
logo
logo

(ВИДЕО) Принцот Хари за Лејди Ди и алкохолизмот: Нема да запрат додека таа не умре

Vecer | 21.05.2021

(ВИДЕО) Принцот Хари за Лејди Ди и алкохолизмот: Нема да запрат додека таа не умре

Принцот Хари кој се јавува како продуцент на документарниот филм за ментално здравје кој е изработен во соработка со Опра Винфри ја размрда светската јавност. Имено, филмот премиерно беше прикажан вчера, а во него, принцот зборува на повеќе теми поврзани со неговото минато, со мајка му, сопругата Меган, психотерапијата која му помага..

Принцот открива дека посетувал терапевт веќе 4 години, а се соочувал со анксиозноста од својата 12 годишна возраст кога почина принцезата Дијана. Изјави дека по нејзината смрт решил да се повлече од кралскиот живот, а во 30-те бил многу под влијание на алкохол и лекарства.

Принцот ги обвинува членовите на своето семејство за поттиснување на емоциите кога имал потреба од разговор, а истото се случило и кога Меган минувала низ тежок период и помислувала на самоубиство. Кралското семејство одбивало да помогне и инсистирале тоа да се чува во тајност.

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=156&v=dWevopoBmAE&feature=emb_title[/embed]

Според Хари, нивната несериозност кон менталното здравје на двајцата е една од главните причини за заминување на двојката во САД. Хари откри дека Меган била многу силна бидејќи не сакала Хари да изгуби две жени во својот живот.

,,Мојата мајка беше протерана кон смрт бидејќи беше во врска со човек кој не е бел. А денес погледнете што се случува. Тоа се истите луѓе, истиот бизнис модел, истата индустрија. Нема да запрат додека таа не умре."

The Me You Can't See е насловот на документарниот филм и е составен од 5 дела, а покрај Хари ќе се појават и Глен Клоуз и Лејди Гага, како и 14 експерти за ментално здравје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk