logo
logo
logo

За искачување на Мон Блан треба да се остави депозит од 15000 евра

Vecer | 12.08.2022

За искачување на Мон Блан треба да се остави депозит од 15000 евра

Пред експедицијата за искачување на највисокиот европски врв ќе мора прво да се плати депозит од 15.000 евра.

Парите би ги покривале трошоците за евентуално спасување или, во најлош случај, погреб.

Жан-Марк Пеле, градоначалникот на Сен Жерве, се одлучи на оваа мерка откако десетици „псевдо-планинари“ ги игнорираа предупредувањата.

Од споменатиот град, главната патека води до највисокиот врв во Европа.

Но, неодамна на ваков потфат се решија многу луѓе кои не се ниту вешти, ниту искусни, ниту опремени, а градоначалникот вели дека ги игнорирале предупредувањата и си играле „руски рулет со живот“.

Водичите од француската страна ги прекинаа своите активности долж трасата во средината на јули поради бројните лизгања на земјиштето, а локалните власти издадоа совети до луѓето да избегнуваат искачување. Интензивниот топлотен бран само ги влоши условите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk