logo
logo
logo

За добро „селфи“ пропаднала во ПРОВАЛИЈА длабока 8 метри

Vecer | 30.06.2022

За добро „селфи“ пропаднала во ПРОВАЛИЈА длабока 8 метри

Туристка од Англија е повредена по пад во провалија длабока 8 метри во внатрешноста на Бар, при обидот да се фотографира. Таа случајно паднала од висина од околу 8 метри обидувајќи се да направи селфи.

Несреќата се случила на Пастровачка гора, на кривината од Вирпазар кон Петровац, јавува „Курир.рс“.

Повредената жена од провалија ја извадиле припадници на Службата за заштита и спасување од Бар, кои соопштија дека висината од која паднала жената била околу осум метри. Екипа на Брза помош на местото на несреќата и укажала лекарска помош, по што повредената жена е пренесена во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Службата за заштита и спасување соопшти дека жената имала среќа, бидејќи теренот бил карпест и стрмен, а таа паднала од висина од околу осум метри.

Засега, не е познато колку тешко е повредена Англичанката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk