logo
logo
logo

„ВРЕСКА НА НЕГО КАКО ДА Е КУЧЕ“: Еве како изгледаат Бен Афлек и Џенифер Лопез кога мислат дека никој не ги гледа

Vecer | 04.10.2022

„ВРЕСКА НА НЕГО КАКО ДА Е КУЧЕ“: Еве како изгледаат Бен Афлек и Џенифер Лопез кога мислат дека никој не ги гледа

Брачниот пар Афлек ретко се појавува заедно, а кога ги гледаме тоа се внимателно исценирани ситуации каде Џенифер срамежливо им се насмевнува на фотографите за да создаде впечаток дека нејзиниот брак функционира фантастично, пишува radaronline.com.

Но, вистината е дека нема ништо фантастично во бракот на Бен Афлек и Џенифер Лопез. Пријател близок до двојката вели дека Бен не е ни свесен „во што се впуштил“, додавајќи дека двојката постојано се кара.

"Тој е тип со фармерки и маици, но Џенифер постојано го притиска да го промени стилот на облекување. Таа го следи наоколу и му кажува што да облече", вели добро информиран извор.

Изгледа дека Џеј Ло наводно е изнервирана од нередот на нејзиниот сопруг.

"Бен не се чисти по себе, а тоа ја полудува Џенифер. Не поднесува да пуши, а тој во последно време не испушта цигара од рака. Таа постојано го следи и покажува со прст, вреска на него како да е куче .

Двојката неодамна беше фотографирана во потрага по нов дом со агент за недвижности, но никому не можеше да му останат незабележани несреќните лица на младенците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk