logo
logo
logo

ШОКАНТНО ВИДЕО

Вработена ПРЕТЕПАЛА МУШТЕРИЈА, причината е бизарна

Vecer | 08.06.2021

Вработена ПРЕТЕПАЛА МУШТЕРИЈА, причината е бизарна

Ајсел Рамирез (21) вработена во Амазон од Калифорнија е уапсена заради напад на 67-годишна муштерика, која и забележала дека доцни со испораката. Светот е во шок од количеството на агресија што ја покажала Рамирез, а која се гледа во видеото снимено од безбедносната камера.

Даг Смит, сопственик на станбениот комплекс каде се селучил инцидентот рекол дека бил во лобито кога работничката ја нападнала жената.

- Слушнав дека нешто се расправаат, а потоа ја видов изнервираната работничка која рече дека жената ја навредила на расна и етничка основа, велејќи и дека меѓу привилегиите на белците не спаѓа да чекаат темните луѓе да им доцнат со испораките, рекол Смит.

Рамирез во полицијата рекла дека реагирала во самоодбрана, што тешко може да се заклучи од видеото. Претепаната муштерика завршила со повреди на лицето, а се вели дека била уништена и психички.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=83&v=HRtAfh2KaKw&feature=emb_logo[/embed]

Амазон веднаш се оградил од случајот.

- Жената од видеото повеќе не работи за нас. Никогаш не сме толерирале насилство, ниту ќе го правиме тоа, се вели во соопштението од управата на познатата компанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk