logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ајкула му откина дел од нова на параглајдерист!

Vecer | 02.07.2021

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ајкула му откина дел од нова на параглајдерист!

Застрашувачкото видео покажува 37-годишен маж од Јордан како лета над површината на Црвеното Море, кога ајкула одеднаш скока од водата и го фаќа за ногата.

Човекот го изгубил задниот дел од стапалото, како и неколку тетиви, а по нападот му биле искинати мускулите и скршени неколку коски.

Службата за итни случаи го однела во воената болница, каде му била оперирана десната нога.

Неговата состојба е опишана како стабилна, пренесува Daily Mail.

Мохамед Калил Ал Забада од Факултетот за морски науки за локалните медиуми изјави дека нападите на ајкулите во заливот Акаба се ретки. Постојат неколку видови ајкули кои живеат во Црвеното Море, но тие вообичаено не пливале во плитките води на Јордан.

- Ајкулите се наоѓаат во сите мориња на светот, има многу видови ајкули во Црвеното Море, но нивното присуство во регионот Акаба е многу ретко - рече тој.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=pPfDyemAprY&feature=emb_title[/embed]

Иако ретки, во последните години имало неколку напади на ајкули.

Во октомври минатата година, ајкула ги откина екстремитетите на дванаесетгодишно момче и туристички водич на брегот на Египет. Групата пливала со локален водич околу гребенот Рас Мухамуд во Шарм ел Шеик кога ајкула каснала три лица од групата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk