logo
logo
logo

Славниот водител, Пирс Морган ДАДЕ ОСТАВКА по расправија за Меган Маркл (видео)

Vecer | 09.03.2021

Славниот водител, Пирс Морган ДАДЕ ОСТАВКА по расправија за Меган Маркл (видео)

Водителот Пирс Морган си замина од од снимањето на емисијата „Добро утро Британијо“ откако неговиот колега Алекс Бересфорд го прозва за коментарите на сметката на Меган Маркл, а потоа бешше објавено дека и си дал оставка, и дека нема повеќе да биде водител на шоуто.

"Разбирам дека не ја сакаш Меган, тоа многупати им го соопшти на сите на ова шоу и разбирам дека си приватно поврзан со неа се додека не те откачила. Но, ако сака, таа има право да те откачи. Дали после тоа некогаш зборуваше за тебе? Мислам  дека не, а ти сепак не престануваш да ја клеветиш ...“, рече Алекс Бересфорд.

Во тој момент, Морган стана и рече: „Добро, доста ми е од ова“ и излета од сетот.

Подоцна беше објавено дека поднел оставка.

"По расправата, Пирс Морган одлучи дека е време да го напушти шоуто. ITV ја прифати неговата одлука", се вели во официјалното соопштение.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk