logo
logo
logo

Во Швајцарија пронајдени остатоци од исчезнат авион кој се урнал во 1968

Vecer | 10.08.2022

Во Швајцарија пронајдени остатоци од исчезнат авион кој се урнал во 1968

Остатоците од авионот се појавија на глечерот Алеч, во југозападниот дел на кантонот Валис, во близина на врвовите Јунгфрау и Монч. Полицијата појасни дека остатоците биле пронајдени во четвртокот.

-Истрагата утврди дека се работи за делови од „пајпер чироки“, регистрација HB-OYL, кој на таа локација паднал на 30.06.1968 година. Понатамошните работи ќе бидат преземени во најкраток можен рок - се наведува во полициското соопштение.

Локалниот весник 24сата објаснува дека во авионот имало учител, лекар и неговиот син, сите од Цирих. Нивните тела биле пронајдени во истрагата водена веднаш по исчезнувањето на авионот во далечната 1968 година, но никогаш не биле пронајдени остатоците од авионот.

Остатоците биле забележани од планински водич за време на една од обиколките во областа. Поради климатските промени и топењето на глечерите, патеката за искачување е променета и сега поминува низ делот од планината каде што се наоѓале остатоците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk