logo
logo
logo

Во Пробиштип се одржува „Зелникот на баба“

Vecer | 18.03.2023

Во Пробиштип се одржува „Зелникот на баба“

Настанот не се одржуваше само две години заради ковид-пандемијата, но сепак како карактеристична манифестација за Пробиштип претставува белег на традицијата и вкусната храна. Посетителите го своето задоволство од организацијата. Во рамки на програмата предвидено е избор на најдобра етно маса, демонстрација на сукање зелник и печење под вршник, натпревар во брзо сукање и работилница за сукање зелник, а овој натпреварувачки дел завршува со прогласување на победниците.

-И годинава имаме 16 учесника од 16 града од Македонија, искажаа надополнети со четири невладини здруженија од општина Пробиштип и збогатени со Институтот „Конфуциј“ кој работи при УКИМ и нашите драги пријатели од Алексинац, Р Србија. Имаме 22 штанда на кои се нудат преубави зелници, специјалитети од тесто коишто се продаваат на парче, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели“, вели Раде Илиевски, вработен во Општина Пробиштип.

Од организацијата е задоволен и градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, кој посочува дека големиот интерес е показател за каква манифестација станува збор. Порача дека традиционалниот настан ќе продолжи да се развива и унапредува.

-Традиционално Општина Пробиштип го организира овој настан за повозрасните наши сограѓани, но секако и за сите останати коишто доаѓаат во Пробиштип. Она коешто се пренесува од генерации на генерации, традиционалниот зелник во Пробиштип, почнувајќи од Лесново, еве нè денес и на Градскиот плоштад заедно со наши сограѓани, но и огромен број на посетители. Ова е веќе традиционален настан којшто се организира секоја година со зголемен буџет имајќи го предвид зголемениот интерес, вели Анастасов.

Ваквата манифестација е единствена и оригинална во цела држава, а гости имаше и од Република Бугарија. Пробиштип денеска е посетено од четири до пет илјади луѓе кои беа дел од десеттото издание на „Зелникот на баба“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk