Во оваа земја никој не заклучува врата: Последен пат убиство се случило пред 20 години

Пред неколку години Лихтенштајн донесе правилник за однесување на населението.

Во него пишува дека се препорачува да се биде тивок во официјалното време за ручек – од 12 до 13.30 часот. Оваа мала земја, лоцирана помеѓу Австрија и Швајцарија, крие бројни занимливости, а во оваа пригода ви ги пренесуваме највпечатливите.

Во Лихтенштајн речиси и да нема криминал. Последно евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има неколку затвореници. Секој што е осуден на казна подолга од две години, заминува во затвор во Австрија. Луѓето во оваа земја се чувствуваат толку сигурно што поголем број од нив воопшто не ги заклучуваат влезните врати.

Пред пет години можевте да ја изнајмите целата држава на една ноќ. Имено, во соработка со сервисот Аирбнб, понуден е простор за 150 гости, пробување на вино со принцот и креирање на персонализирана парична валута со привремен карактер. Задоволството чинело 70.000 долари.

Еднаш годишно, сите жители се канат на забава, односно на пиво во градината на двоерецот Вадуц. Главен град на Лихтенштајн е Вадуц, во кој живеат 5.425 жители. Тој е и најголемиот град во таа земја.

Поврзани

Најнови вести

Коментари