logo
logo
logo

Во ова село ГРОБИШТАТА СЕ ВЕСЕЛИ: Секој гроб има своја слика и песна (ФОТО)

Vecer | 10.03.2021

Во ова село ГРОБИШТАТА СЕ ВЕСЕЛИ: Секој гроб има своја слика и песна (ФОТО)

Веселите гробишта (романски: Cimitirul Vesel) се наоѓаат во Општина Сапанца во Романија, и го добиле своето име по необичните, разнобојни споменици кои го прикажуваат животот на починатиот или причината за неговата смрт со духовити песни и цртежи.

Се започнало во средината на триесеттите години кога локалниот уметник Стан Јоан Патраш (1908-1977) го направил првиот шарен споменик и издлабил духовит епитаф во него.

На жителите им се допаднала идејата па наскоро започнале масовно да нарачуваат вакви надгробни споменици. Наскоро селото добило нови, шарени гробишта, кои станаа познати како Веселите гробишта.

Во текот на 60-тите години на минатиот век, бројот на споменици се искачил на 800, а гробиштата станаа познати на пошироката јавност во раните 1970-ти, кога ги откри еден француски новинар.

Спомениците на Веселите гробишта се направени од дабово дрво и се рачно издлабени, а над него мора да се постави покрив заради заштита.

Сите дела имаат своја симболика. Зелената боја означува живот, жолтата плодност, црвената страст и црната смрт. Боите секогаш се нанесуваат на сина позадина, за која тој верувал дека значи надеж, слобода и рај, и благодарение на него, таа сина нијанса стана позната како сина Сапанца.

Има и бел гулаб на спомениците, за душата на починатиот, но и врана што означува сомнителна смрт.

На пример локален пијаница е закопан со слика на црн скелет што го влече надолу, додека тој се ниша со шише во рацете, а епитафот вели: Jоан Тоадеру сакаше коњи, но повеќе од сè сакаше да седи во кафана покрај туѓа жена.

Сите песни на спомениците се напишани на локален марамурешки дијалект на романскиот јазик, а една од нив го вели следново: Под овој тежок крст лежи свекрва ми. Вие, кои поминувате покрај, внимавајте да не ја разбудите, затоа што ако се разбуди, таа ќе дојде и ќе ми ја одгризе главата.

Делото на овој уметник го наследил неговиот ученик Димитру Поп кој вели дека сè уште не се случило некому да му пречи како е претставен неговиот роднина на надгробната плоча затоа што е важно да го паметат точно каков што бил.

Веселите гробишта сега се еден вид музеј на отворено и една од најпознатите туристички атракции во Романија, а според бројот на туристи, тие се вторите најпосетувани гробишта во светот, веднаш зад Долината на кралевите во Египет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk