logo
logo
logo

Во Кочани се одржа хуманитарна манифестација по повод Денот на лицата со попреченост

Vecer | 02.12.2022

Во Кочани се одржа хуманитарна манифестација по повод Денот на лицата со попреченост

Целта на настанот беше да се зголеми видливоста на лицата со попреченост, тие да се зближат со заедницата и директно да се вклучат во активностите посветени на нив. Во културно-уметничката програма настапија ученици од основните училишта, членови од литературниот клуб „Копнеж“, а присуствуваа и инклузирани ученици и членови од здруженијата на лица со попреченост.

– Не сакаме само еден ден во годината да им посветиме внимание на луѓето на кои им е потребна поддршка, туку тоа го правиме постојано. Имаме изработено стратегија и социјален план, мапирани се лицата со посебни потреби, отворен е дневен центар за згрижување, а работи и посебна паралелка во основното училиште „Малина Попиванова“. Имаме 325 лица со посебни потреби над 26-годишна возраст, од кои 38 се невработени, а околу 80 отсто од мапираните лица имаат потешкотии со затоплувањето на своите домови. Една третина од родителите на деца со посебни потреби не се работно ангажирани, а околу 40 отсто од лицата имаат потреба од поддршка во својот дом. Се трудиме сето ова да го подобриме, но морам да признаам дека сè уште е недоволно, истакна градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

Настанот беше збогатен со продажни штандови на ракотворби од здруженија на граѓани и од ученици, а се продаваа и уметнички слики изработени на ликовните колонии што во изминатиот период се одржаа во Кочани. Собраните средства ќе бидат наменети за набавка на асистивна техника за лицата со попреченост, а дидактички и нагледни средства за учениците донираше и компанијата „Амфенол Технилоџи Македонија“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk