logo
logo
logo

Во Холандија е пронајдено телото на четиригодишно дете, исчезнато во Белгија

Vecer | 19.01.2022

Во Холандија е пронајдено телото на четиригодишно дете, исчезнато во Белгија

„Исчезнувањето на Дин Верберкмос го пријавило семејството откако неговата дадилка, спротивно на претходниот договор, го оставила во куќата на неговите баба и дедо.“

Телото на момчето било откриено вчера на вештачки остров во холандската провинција Зеланд, инаку популарна туристичка дестинација. Холандската полиција потврдила дека 34-годишен Белгиец е уапсен во врска со случајот во градот Мееркерк, на околу 120 километри североисточно од островот каде што е пронајдено телото на момчето. Неговиот идентитет не е објавен.

Холандските медиуми објавиле дека Дин Верберкмос бил со семејните пријатели пред да го пријави исчезнувањето. Полицијата соопштила дека осомничениот и момчето последен пат биле видени во белгискиот град Синт Никлаас недалеку од Антверпен.

Безбедносните сили во Холандија започнале огромна потрага по момчето веднаш штом добиле информација дека момчето можеби се наоѓа во таа земја. По апсењето на 34-годишниот Белгиец, полицијата издала т.н жолто предупредување, издадено во случаи на киднапирање деца. Со предупредувањето ,објавиле опис и фотографија од момчето.

Телото на момчето било пронајдено набргу потоа на вештачкиот остров Неелтје Јанс. Полицијата вчера соопштила дека во потрагата бил вклучен и полициски хеликоптер и дека истражителите пронашле „можно место на злосторството“. Полицијата синоќа околу 21 часот го пронашла безживотното тело на детето, соопштила полицијата.

Во кусото соопштение објавено на Твитер, полицијата потврдила дека телото на Дин Верберкмос е пронајдено. Тие им се заблагодариле на сите кои учествувале во потрагата и изразиле сочувство до семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk