logo
logo
logo

Во карантин СЕ ЗДЕБЕЛИЈА, пред да се вратат на работа САКААТ ДА ОСЛАБАТ - Бум во теретаните во САД

Vecer | 22.07.2021

Во карантин СЕ ЗДЕБЕЛИЈА, пред да се вратат на работа САКААТ ДА ОСЛАБАТ - Бум во теретаните во САД

За време на долгиот период на карантин, кога повеќето работеа од дома, повеќето не излегуваа надвор со денови и немаа никакви физички активности.  Седејќи дома во удобна облека како тренерки или пижами тешко беше да се забележат неколку килограми вишок.

Ако додадеме на тоа и вознемиреност и нарачување/консумирање храна (на нервна основа) - работите беа прилично надвор од контрола. Сега, кога е време дојде време за враќање на работа, имаше некои проблеми.

Дел од вработените не можеа да „влезат“ во своите панталони, тесни фустани и деловни одела. Блумберг пишува дека Американците сега масовно се вртат кон вежбање и теретана, затоа што се пред враќање во канцеларијата.

Бројот на платени членарини на фитнес-локациите во САД расте, а личните тренери се исто така на големо резервирани. Исто така, претплатите на WW (Weight Watchers) се зголемиле за 16% на крајот на првиот квартал од 2021 година, во споредба со претходната година.

Изолацијата и вознемиреноста, поттикнати од глобална пандемија, ги принудија луѓето да јадат повеќе и да се движат помалку. Во исто време, треба да се истакне дека во САД, секое четврто лице од 10, е дебело.

Вкупно 42% од популацијата добила несакана тежина, во просек 13 кг, според извештајот на годишното истражување на стресот на Американската асоцијација за психологија. Бидејќи ковид-19 го зафати светот, дебелината се споменува како еден од факторите што сигурно не е во добра корелација со вирусот.

Дури и модните компании излегоа со некои видови кампањи кои промовираат облека за „облини“, поточно, порелаксирани, поудобни парчиња облека. Дури и пред пандемиската криза, скоро третина од населението, во просек, во 100-те најголеми американски градови имаа проблем со прекумерна тежина, а 25% од нив не вежбале претходниот месец.

Некои прелиминарни студии за пандемијата откриваат намалена активност и помал внес на здрава храна, како и зголемен стрес и дебелина. Кон крајот на мај, 12% од вработените во Менхетен се вратиле на работа барем со скратено работно време.

Анкетираните компании очекуваат таа бројка да достигне 62% до крајот на септември. Во последните неколку недели, новите клиенти на компанијата „Own Your Fitness“ од Менхетен, изјавиле дека сакаат не само да ослабат, туку и да се прилагодат на корпоративното опкружување. Почнале да велат: „Сакам да изгледам како да сум сè уште конкурентен и да се снаоѓам“, додава американската агенција.

Низ целата земја, повеќе од 500 луѓе се приклучиле на бесплатната програма што вклучува совети и линкови што водат до видеа од 30- до 60 секунди, апелирајќи на тоа зошто дебелината е штетна за здравјето и како тоа доведува до рана смрт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk