Внука на познат диктатор стана туристички водич

Ракел Мусолини, најмладата внука на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, стана туристички водич на патување низ историјата наречено „Дуче! Подемот и падот на италијанскиот фашизам“.

Четириесетгодишната Ракел исто така е и политичар од десничарската партија Фратели ди Италија, а на овој чекор се одлучила со цел што е можно подобро да го претстави своето семејство пред туристите. Патувањето почнува токму од Предапио, родниот град на Мусолини.

Исто така, таа ќе одговара на прашања од туристите за тоа како изгледал животот во тоа познато семејство, а тие ќе имаат можност и да ја посетат семејната гробница во која се наоѓаат останките на Бенито Мусолини и други членови на семејството.

„За првпат по падот на диктаторот и неговата смрт во 1945 година, семејството на Мусолини е отворено за ваков проект“, вели Најџел Џонс, сопственик на туристичката агенција „Историски патувања“.

За 2018 година, турата е целосно распродадена, а првите слободни места се во периодот од 2. до 9. април 2019 година. Осумдневната тура чини 5.722 фунти по лице.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари