logo
logo
logo

ВНИМАВАЈТЕ! Ако партнерот ви го постави ова прашање можеби помислува на неверство

Vecer | 19.05.2021

ВНИМАВАЈТЕ! Ако партнерот ви го постави ова прашање можеби помислува на неверство

Причините за неверство се разновидни и се предмет на субјективните впечатоци на поединците. Некои го прават тоа затоа што не добиваат доволно внимание од својот партнер, други го изгубиле интересот за своите најблиски поради промените во физичкиот изглед и силата, а трети затоа што немаат доволно секс со сопружниците.

Ешли Медисон е име на специјализирана веб-страница од Канада која поврзува оженети лица кои сакаат да имаат вонбрачна врска. За време на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавируси, бројот на нивните корисници се зголемиl на дури 70 милиони.

Едно нивно истражување спроведено на 1.300 корисници открива дека 41 процент од луѓето во врска размислувале барем еднаш да го изневерат својот партнер, а дури 64 проценти биле жртви на изневерување од својот партнер.

Без оглед на тоа кои се причините за неверство, постојат суптилни знаци кои укажуваат дека тоа ќе се случи, а кои исто така можат да помогнат истото да се спречи.

Најчестиот знак дека некое лице сериозно размислува за изневерување е камуфлирано во навидум невино прашање што се поставува на својот партнер: Можеме ли да пробаме нешто ново во кревет?

Ова прашање е добар показател за емоционалната состојба во која се наоѓа одредена личнос во врската или бракот, особено ако не е отворена во искажувањето на своите желби или фантазии во спалната соба. Веројатно го поставила затоа што повеќе не може сама да се справи со натрупаното незадоволство и е подготвена да направи нешто во врска со тоа.

Понатамошниот развој на ситуацијата во голема мера зависи од одговорот на ова прашање, а пред сѐ од подготвеноста за отворено дискутирање на проблемите и изнаоѓање решенија.

И не,  не размислуваат само мажите за неверство затоа што се „опседнати со секс“. И на жените им треба. Покрај тоа, социологот Алисија М. Вокер, автор на „Тајниот живот на изневеренатасопруга“, проучувала неверство кај жените и открила дека жените најчесто изневеруваат затоа што имаат брак без секс и / или секс без оргазми со своите сопрузи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk