logo
logo
logo

БИЛ ВАЈМАН и МЕНДИ СМИТ

Влегле во врска кога имала само 13, а тој 47! Нивниот брак го ШОКИРАШЕ СВЕТОТ: А потоа син му се ожени со мајка и

Vecer | 03.07.2022

Влегле во врска кога имала само 13, а тој 47! Нивниот брак го ШОКИРАШЕ СВЕТОТ: А потоа син му се ожени со мајка и

Во далечната 1989 година, легендарниот музичар Бил Вајман се ожени со 34 години помлада жена и тоа беше најконтроверзниот брак во осумдесеттите. Познатиот музичар Бил Вајман (85) зад себе има богата музичка кариера, а беше басист и основач на легендарниот бенд „Ролингстоунс“ од 1962 до 1993 година.

Сепак, Бил Вајман остана запаметен и по турбулентниот приватен живот. Јавноста беше изненадена и шокирана кога познатиот музичар во осумдесеттите години на минатиот век стапи во врска со тогаш 13-годишното девојче Менди Смит, со која потоа се ожени.

Кога се запознале, Менди била тинејџерка, имала само 13 години.

Како што подоцна изјавила Менди во едно интервју, првиот секс го имале кога таа имала 14 години, а со оглед на тоа што го кажала среде други секс скандали во Англија, Вајман се пријавил во полиција.

„Отидов во полиција и во државното обвинителство и ги прашав дали треба да разговараат со мене. Рекоа „не““, рекол тој.

 

BIl Vajman i Mendi Smit

На почетокот ја криеле врската, а за романсата јавноста дозна кога Менди наполни 16 години, период кога во Велика Британија возраста за стапување во врска е легална. Надлежните органи сепак сакале да поднесат обвинение, но ништо не излезе од тоа иако се знаеше дека Вилман го прекршил законот.

Како што рекоа тогаш, хемијата меѓу нив проработила веднаш, но сакале да почекаат додека Менди не стане полнолетна. Се венчаа во 1989 година кога таа наполни 18, а тој 52. Сепак, бракот траеше само две години, а тие официјално се разведоа во 1991 година. Бракоразводната парница траела долго и била прилично мачна, а Менди излегла побогата за 80 000 фунти.

 

BIl Vajman i Mendi Smit

 

-Тоа беше љубов, чиста љубов, а не страст, иако сите беа убедени дека тоа е страст - рекол Бил, а потоа додал: - Бев неверојатно глупав дури и да помислив дека може да функционира. Беше премногу млада. Таа, исто така, сакаше и требаше да го проживее животот пред да се смири.

 

Бизарностите не завршиле тука

Во 1993 година, 30-годишниот син на Бил Вајман од неговиот прв брак, Стивен, се оженил со мајката на Менди Смит, Петси, која во тоа време имала 46 години. Тој скандалозен брак пропадна по една година.

Истата година Менди Смит му го кажа судбоносното „да“ на фудбалерот Пет Ван Ден Хов, но и овој брак траеше само две години.

Во 2001 година, таа беше кратко свршена со моделот на Vanity Fair, Иан Мозби, со кој го доби синот Макс Харисон.

Се пресели во Манчестер, каде го одгледа своето дете како самохрана мајка и целосно се повлече од очите на јавноста. Денеска со сестра и Никола води ПР компанија.

Од друга страна, Бил Вајман се оженил со Сузан Акоста во 1993 година, со која добил син и три ќерки. Денеска има 82 години, а во контроверзниот документарен филм „The Quiet One“, премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Трибека, откри дека жали за тој брак со Менди.

Како што реколд, „бев глупав што некогаш помислив дека бракот може да успее“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk