logo
logo
logo

Владата ги заборави СТАРИТЕ ЛИЦА, Заев уште ја покрива?

Vecer | 01.10.2022

Владата ги заборави СТАРИТЕ ЛИЦА, Заев уште ја покрива?

1 октовмри е меѓународен ден на старите лица.

Во целиот свет се огранизираа официјални активости за одбележување на овој ден, не само затоа што популацијата старее, туку и затоа што ако немаме почит кон старите, ќе немаме ни кон себе и помладите.

А само кај нас - владата ги заборави старите лица.

Во ноември минатата година, според податоците објавени од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во С. Македонија биле регистрирани 325.156 пензионери, од кои поголемиот дел (219.856) се корисници на старосни пензии, додека останатите се корисници на семејни пензии (75.080) и инвалидски пензии (30.220).

Според податоците од министерството за труд и социјална политика. регистрирани се 39 Домови за стари лица.

Во 2019 година се заокружи една деценија од спроведувањето на Националната стратегија за стари лица. Главна стратегиска цел беше подобрување на квалитетот на животот на оваа значајна категорија граѓани.

Од вкупниот број стари лица најмногубројни се пензионерите.

Прогнозите на ПИОМ за 2022 година покажуваат дека бројот на пензионери во земјава ќе се зголеми за нови 10.153 корисници на пензија. Стратегискиот план 2020-2022 што ги содржи проекциите за бројот на пензионери и сумата потребна за редовна исплата на пензии, укажува на нагорен тренд на бројот на нови пензионери.

Корисници на пензија

2020 година - 327 125

2021 година - 332 163

2022 година - 337 278

Покрај тоа, се смета дека во Македонија живеат повеќе илјади земјоделци, нерегистрирани занаетчии, диви продавачи, домаќинки и други стари лица главно во рурални средини кои официјално немаат ниту еден ден работен стаж.

Една од главните заложби на стратегијата беше подобрувањето на стандардот на пензионерите и на другите стари лица.

Владата заборави на старите лица, Заев уште ја покрива?

Во Македонија, немаше никакво офицјано одбележување на Денот на старите лица,

На нив, не се сети министерката за труд и соцјална политика Јован Тренчевска. Денеска (или деновиве) немаше ниту една активност од МТСП во врска со старите лица.

На социјалните мрежи беше споделена вест дека поранешнот премиер Зоран Заев, преку фондацијата “Заев, едно општество за сите“ донирал спортски реквизити на Здружението на пензионери – Струмица.

Пензионерски забави на Балканот

Хрватска, овој ден го одбележа со пакет за поевтина струја со просечна цена од 62 евра за мегават час, во која се вклучени градинки, училишта, факултети, пензионерски домови, невладини организации, заводи, верски заедници, општини, градови, државни институции, комунални претпријатија и други, а проценетата вредност на таа мерка за периодот од следните шест месеци е 1 милијарда куни.

Црна Гора: Акција за пошумување и чистење во Горица по повод Меѓународниот ден на старите лица.

Во Албанија, Илир Мета им додели плакети на пензионерите, а градоначалникот на Тирана Ерион Велијај воспотави враќање на традицијата - пиење кафе со старите лица

Во Босна и Херцеговина, која ја тресе инфлација и во која илјадници пензионери живеат на работ на егзистенцијата, успеа да го одбележи Денот на старите лица.

 

Во регионот, Србија посвети цела недела на настани за грижа на старите лица, покрај постојаното покачување на пензиите.

Организирана Олимпијада, донираа возила, дискусии за подобрување на животот на сгтарите лица - низ цела Србија.

Фото: архива 2020

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk