logo
logo
logo

Витамините и минералите се ОК, но што следи КОГА ЌЕ СЕ ПРЕТЕРА СО НИВ

Vecer | 20.02.2021

Витамините и минералите се ОК, но што следи КОГА ЌЕ СЕ ПРЕТЕРА СО НИВ

Постојано, особено сега во епидемијава, интензивно користиме додатоци, витамини и минерали. Дали можете да претерате со нивно консумирање и какви се последиците?

Во продолжение погледнете на што треба да внимавате, но секако пред консумирање советувајте се со вашиот лекар:

Омега 3 масни киселини

За овие здрави масти се знае дека го продолжуваат животот, но никако не се добри во големи количини. Ако претерате со препорачаната дневна доза, ја нарушуваат рамнотежата на имунитетот, па телото станува неспособно само да се бори со инфекциите и бактериите.

Витамин Ц

Витаминот кој сите го пиеме „за добро утро.“ Но, ако претерате со дозата може да си го нарушите варењето. Подуеноста, болките, гадењето и повраќањето се чести симптоми ако земете повеќе од 2.000mg дневно. Секако, дозата зависи од возраста и вашата здравствена состојба.

Цинк

Овој минерал го јакне имунитетот и го регулира метаболизмот, но ако претерате со негово внесување, може да си направите низа проблеми. Некои од нив се компликации со варењето, вртоглавици, главоболки, замор, потење, па дури и халуцинации.

Железо

Проблемите со ниско железо ги знаеме, но кои се нуспојавите ако претерате со високо количество? Во тој случај, железото се таложи во разни органи како срцето и црниот дроб. Внимавајте да не внесувате дневно повеќе од 45mg железо, но секако прво консултирајте се со вашиот лекар за сигурна доза, која е различна за секого.

Калциум

Калциумот во големи количини обично прво ги напаѓа бубрезите, а тоа не го сакате. Премногу калциум може да внесете и преку секојдневната исхрана, па затоа бидете внимателни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk