Вистинска љубов или ниска самодоверба?

Да се изгубите себе си во врската и да станете од јас во ние, може да изгледа на крајно силна експресија на романтична љубов. Сепак, ова не секогаш е знак за среќна, посветена еден на друг двојка. Според психолошките истражувања и теориите за емоционална приврзаност, понекогаш ваквиот интензитет е индикатор за нездрава форма на приврзаност.


Ова е случај кога личноста зависи од позитивните реакции на „посебната личност" во однос на својата самопочит и вреднување. Така, како и секое очекување од другите луѓе или објекти да ги пополнат вашите празнини во животот, води кон проблеми на незадоволство и разочараност.
Доколку се пронајдете во следните ставки кои го опишуваат овој феномен на поврзаност меѓу конфлуенцијата (недоволна свeсност за разлики и го губење на чувството за автономија, контакт и граница) и ниска самодоверба, не очајувајте. Иако станува збор за честа појава меѓу луѓето, на истата секогаш може да се работи и да се мине низ процес од расветлување (увид за постоење на проблемот), до градење на здрава врска, најпрво со себе, па потоа и со другите луѓе, вклучувајќи го и партнерот/ката.


 Опсесивна преокупација со вашата врска, во која го анализирате секој збор, поведение и барање од партнерот подлабоко значење за истите. Зошто е тоа негативно? Ако вашето чувство за себе зависи од вашата врска, ќе станете на постојан штрек во обидите да ја одржите во живот.
 Може да станете пречувствителни на секоја негативна ситуација во врската, без разлика на причините со што ја зголемувате можноста за поголема анксиозност, дури и депресивност, како резултат на истото. Дури најмалото камче, може да ви се чини како карпа.
 Може да се доведете до постојано заземање одбранбен став, наместо да погледнете на критиките и проблемите како можности да научите нешто од нив. Како резултат, вие и вашата врска престануваат да растат, што уште повеќе ја намалува вашата самодоверба.
 Кога на конфлуентноста и ниската самодоверба се надоврзува љубомора, што често се случува, истражувањата покажуваат дека расте веројатноста за злоупотреба на алкохол како начин на справување со непријатните чувства (што отвора врата за дополнителни проблеми со пиење). Тоа може да ја наруши вашата способност да се видите себе си како единака надвор од врската, што може да води до емотивно уништување ако, или кога врската ќе заврши.
 Може да ги ставите вашите потреби и желби последни на ред, со цел одржување на односот со партнерот/ката. Парадоксално, може исто така да предизвика да заборавите на потребите на другата личност и да се фокусирате на хранење на својата самодоверба.


Зошто некои луѓе развиваат вакви тенденции, а други не? Не постои единствена причина, но истражувачите веруваат дека тоа е поврзано со три основни потреби кои ја градат самодовербата:
Автономија: чувство дека управувате со своето однесување
Компетентност: чувство на ефективност во она што го правите
Поврзаност: чувство на припаѓање и приврзаност


Кога овие три потреби се здраво задоволени, способни сте да градите автентична интимност со другите. Кога истите не се задоволени, може да тргнете во потрага по други извори, како што е романтична врска, за да ги задоволите.
Иронијата на ваквиот феномен е што, ќе завршите трудејќи се толку многу да добите валидација во врската, што на крајот ќе се повредите самите себе. Можеби си велите на себе дека едноставно сте длабоко поврзани со својот партнер, и навистина да сте поврзани, но истражувањата велат дека оваа форма не носи среќа, задоволство и вистинска интимност.
Дури и кога двајцата партнери се емоционално зависни личности, резултатите не се позитивни. И двете страни се чувствуваат повеќе поврзани и посветени на врската, но не чувствуваат и поголема блискост или задоволство.

Поврзани

Најнови вести

Коментари