logo
logo
logo

Вистина или мит: ЖЕНИ ТВРДАТ ДЕКА ОВОЈ ТИП НА МАЖИ Е НАЈДОБАР ВО КРЕВЕТ

Vecer | 28.05.2023

Вистина или мит: ЖЕНИ ТВРДАТ ДЕКА ОВОЈ ТИП НА МАЖИ Е НАЈДОБАР ВО КРЕВЕТ

Женското сексуално задоволство сè уште е обвиткано со мистерија. И додека машката кулминација е истражена надалеку, особено затоа што е директно поврзана со создавањето на потомството, женската кулминација е сè уште табу тема.

Можеби токму тоа е причината поради која околу 40 отсто од жените не доживуваат оргазам за време на сексот.

Според одредени истражувања, жените поради кочница во главата и очекувањето дека мажите им ги читаат мислите, а мажите поради лошата комуникација и недостатокот на труд и мотивација.

И покрај тоа, мажите како добар секс го истакнуваат оној во кој партнерката е задоволна, а ново истражување покажало дека постои тип на маж кој жените го истакнуваат како најдобар во кревет.

Зошто жените сакаат „лоши момчиња“?

Еволутивните биолози исто така го нарекуваат овој тип на маж хипермажествен. Значи, тие се „повеќе мажи“ само затоа што имаат став, гард, веројатно многу лоши навики и уште повеќе сексуални партнери. Не можат да се врзат, нарцисоидни се и љубовта и сексот никогаш не ги ставаат во иста реченица.

Лошите момци се скоро секогаш победници во психолошките игри што ги играме според нивните правила. Тие се многу повеќе мотивирани да и покажат на жената дека се многу добри љубовници отколку да и пружат интимно задоволство.

Меѓутоа, една друга наука игра многу поголема улога во оваа приказна, а тоа е биологијата.

Сосема е природно жените да ги привлекуваат лошите момчиња - затоа што ослободуваат повеќе тестостерон, што доведува до смелост и поизразена сексуалност. Тој тип на маж е бунтовен и емотивно недостапен, а жените мислат дека најмногу ги привлекува, додека не ја почувствуваат горчината на скршеното срце, вели Маделин А. Фугер, професорка по психологија на Државниот универзитет во Источен Конектикат.

Жените сексот го поврзуваат со емоции, па најмногу ќе уживаат со маж со кој ќе се чувствуваат ценети. Една неодамнешна студија објавена во British Journal of Psychology вели дека жените сè уште ги оценуваат убавите момци како подобри љубовници.

Зошто „добрите момци“ се подобри за женско задоволство?

Терминот „добри момци“ се однесува на господа за кои љубовта и сексот одат заедно во иста реченица. Тие немаат многу сексуално искуство и никогаш не ги објективизираат жените. Иако не зрачат со тестостерон и бунтовност, жените сакаат да поминуваат време со нив, а после сексот се чувствуваат многу посреќни и позадоволни.

Исто така, мажите кои немаат големо искуство во кревет се повеќе фокусирани на женското задоволство и се трудат повеќе. Мажите имаат тенденција да го преувеличуваат бројот на партнери со кои спиеле, а истражувањата покажаа дека жените сè уште ја сметаат искреноста за посекси доблест.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk