logo
logo
logo

Висока е над 2 метра, сопругот е далеку понизок и ги шокираат сите: Тој ми е сродна душа(ВИДЕО)

Vecer | 06.06.2023

Висока е над 2 метра, сопругот е далеку понизок и ги шокираат сите: Тој ми е сродна душа(ВИДЕО)

Во таа фаза таа веќе била висока 175 сантиметри, но продолжила да расте, а сега како 26-годишна е висока повеќе од 2 метра. Како што пренесува Метро, ​​нејзината мајка Ана Марија Рамос е висока само 162 сантиметри, додека нејзиниот татко Луис Хорхе е висок 170 сантиметри, па не мислеле дека тоа е поради генетика.

„Уште како десетгодишно дете забележав дека нешто не е во ред, бидејќи јас бев единствена во семејството и класот кој беше висок неверојатни 175 сантиметри. Тоа беше шок за целото наше семејство бидејќи бев највисокиот член на толку млада возраст“, ​​рече Елисана. „Почнав да чувствувам силна болка во коските и голем притисок во главата поради брзиот раст, па решивме да посетиме лекар. Предложија да се направат некои рутински тестови за да дознаат зошто сум толку висока, но бидејќи моето семејство не можеше да ги плати медицинските трошоци, тоа не беше можно“, продолжила таа.

Сепак, една бразилска телевизија ја слушнала нејзината приказна и решиле да ги покријат сите трошоци за нејзините тестови. Кога ги добила резултатите, лекарите откриле дека во нејзината хипофиза расте бениген тумор, кој предизвикува хиперпродукција на хормонот за раст и е причина за нејзината состојба.

Растењето не ѝ било лесно на Елисана и често била малтретирана, а луѓето ја нарекувале со погрдни имиња како жирафа, светилка и џин. Коментарите имале значително влијание врз нејзиното ментално здравје и таа на крајот го напуштила училиштето.

„Се сеќавам дека се затворив дома затоа што ми се гадеше од навредливите коментари и зборовите што луѓето постојано ми ги кажуваа“, рече Елисана, „Решив да се откажам и тоа беше најтешката одлука што некогаш морав да ја донесам бидејќи сакав да продолжам со образованието, но знаев дека повеќе нема да издржам во таа средина“.

Потоа, во 2011 година, таа го запознала Франчиналдо и брзо се заљубиле и покрај висинската разлика. Една година подоцна, Франсиналдо ја запросил, а парот се венчал во 2015 година. „Почувствував инстант поврзаност во моментот кога го запознав, не ја ни забележав неговата висина. Франсиналдо е висок само 162 сантиметри, што е над 40 сантиметри понизок од мене, но не ми е грижа. Иако беше љубопитен за мојата висина и состојба, не даваше лоши коментари и не ме осудуваше поради мојот изглед“, рече таа.

"Тој беше првиот човек кој ме третираше како човек, а не како некој изрод. Иако има очигледна разлика во висината, ние не го гледаме тоа како проблем бидејќи се сакаме такви какви што сме и не би сакале ништо да се промени“, рече таа.

Иако поминала многу години чувствувајќи се несигурна за нејзината височина, таа вели дека нејзиното семејство ѝ помогнало да научи да сака да биде таква. „Научив да се сакам себеси поради мојата единствена висина, бидејќи нема никој друг како мене и мислам дека тоа е прилично посебно. Најдов добар човек кого го сакам, имам прекрасен син, прекрасно семејство и благодарна сум што Бог ме научи да ги надминам овие пречки во животот. Не дозволувајте лошите коментари на луѓето да се мешаат во вашиот живот, бидејќи не е нивно место да ве осудуваат врз основа на тоа како изгледате или кого сакате. Останете верни на себе и ќе живеете среќно“, заклучила таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk