logo
logo
logo

Како ВИСИНАТА ВЛИЈАЕ на вашиот ЖИВОТ

Vecer | 24.02.2021

Како ВИСИНАТА ВЛИЈАЕ на вашиот ЖИВОТ

Една работа никогаш нема да се промени: ниските луѓе секогаш ќе сонуваат да бидат повисоки најмалку со „два, три сантиметри“, а високите луѓе ќе се жалат дека светот е всушност создаден за пониски луѓе.

Иако ова е нешто на што навистина не можеме да влијаеме, бидејќи нашата висина е пред се одредена од гените, тоа не значи дека бројни студии не се осврнале на феноменот на висината и како таа влијае на нашите животи.

Се разбира, секоја од овие студии треба да се прифати со резерва, бидејќи висината е само една од карактеристиките на човекот, и ретко е навистина одлучувачки фактор.

Сепак, многу е интересно да се погледне што покажуваат истражувањата за влијанието на висината.

Бизнис и богатство

Високите луѓе се подоминантни, поздрави и поинтелигентни и почесто ја победуваат конкуренцијата на работното место. Покрај тоа што заработуваат повеќе, поради нивната висина, тие почесто се сметаат за лидери. Поради своите поуспешни животи, високите луѓе се почесто и посреќни затоа што минуваат низ животот многу полесно.

Сексуална привлечност

Високите мажи се попривлечни за жените, а истото важи и обратно. Ова е поткрепено со фактот дека супермоделите се жени кои спаѓаат во категоријата повисоки жени, но кога станува збор за врските, мажите повеќе сакаат да избираат жени со просечна висина. Интересно е и истражувањето според кое пониските мажи се подобри сопрузи.

Сексуален живот

Дали ве привлекуваат ниски или високи луѓе? Двата пола веројатно ќе се согласат за една работа: Подобро е мажот да биде повисок од жената.

Се чини дека одговорот е даден од истражување спроведено од BodyLogic MD, а резултатите нема да изненадат многумина: високите имаат подобар и почест сексуален живот.

Умешност

Замислете го вашето тело како автомобил. Колку е поголем, толку е побавен, потежок. Високите луѓе се поподложни на повреди затоа што, без оглед дали сакаат да признаат или не, тие се повеќе несмасни.

Долговечност и здравје

Пониските лица се подолготрајни, барем судејќи според фактот дека село во Сардинија, Вилагранде Стрисаили, е познато по тоа што има најголем број стогодишници во цела Европа, а просечната висина на мажите во тоа село е 160 сантиметри.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk