logo
logo
logo

"Поканивме 20 деца на роденденот на мојот син и никој не дојде": Мајка објави тажна снимка која го вознемири светот

Vecer | 24.06.2021

"Поканивме 20 деца на роденденот на мојот син и никој не дојде": Мајка објави тажна снимка која го вознемири светот

Колку многу пандемијата ни го промени животот на сите и тоа во поглед на забави и социјални контакти најдобро говори едно видео објавено на ТикТок од мајка на шест годишно дете.

Имено, таа открива дека за роденденот на нејзиниот син организирала прослава на отворено, во локалниот парк, а на истата ги поканила неговите другарчиња од клас. Станувало збор за 20тина деца.

Но изненадувањето се случило кога никој ама буквално никој не му дошол на роденден и покрај тоа што станувало збор за роденден на отворено.

Па така, нејзиниот син бил приморан да си игра сам, а ваквата глетка го скршила срцето на неговата мајка.

-Седевме во паркот и се подготвувавме. Помина половина час и никој не дојде. Сирото мое дете. Заслужува многу повеќе. Тој е неверојатен, вели мајката на видеото.

@dawners86heart broken. #heartbroken #sosad #hurt #wow #lonely #poorguy #sadboy #birthday #happybirthday #omg #cry♬ SAD - Instrumental - Nhím Stone

Од видеото објавено на ТикТок може да се види како детето си игра само додека неговата мајка седи сама на роденденска украсена маса полна со колачи.

-Разбирам дека е пандемија но роденденот беше во парк, на отворено, додала таа.

Ваквата тажна глетка ги вознемирила нејзините следбеници кои оставиле илјадници коментари.

-Навистина е неверојатно колку луѓето можат да бидат злобни. Ова видео ми го скрши срцето. Заради ова јас и моите деца секогаш се појавуваме на родендени и прослави, се само дел од коментарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk