logo
logo
logo

Викенд на мртовци во реалноста: Сакале да си ја погребаат мајка си, ВО КОВЧЕГОТ ДРУГА ЖЕНА (ВИДЕО)

Vecer | 28.09.2021

Викенд на мртовци во реалноста: Сакале да си ја погребаат мајка си, ВО КОВЧЕГОТ ДРУГА ЖЕНА (ВИДЕО)

Две сестри од Северна Каролина, кои отишле да ја погребаат својата мајка, тврдат дека го пронашле телото на непозната жена во ковчегот.

Џенифер Тејлор и Џенет Арчер отишле да го земат телото на својата мајка на погребниот дом, кога сфатиле дека нешто не е во ред.

Арчер за WAVY10 изјави дека „немало сличности“ помеѓу жената чие тело било во ковчегот и нивната мајка и дека лицето кое било таму „пливало“ во нејзината облека, пренесува Индипендент.

- Жената носеше облека, пливаше во нив бидејќи беше многу мала, во споредба со мајка ми - рече Арчер.

Погребните работници првично одбиле да признаат дека направиле грешка и ги измешале двете тела, велат сестрите, но на крајот го пронашле телото на нивната мајка Мари Арчер во просторијата за балсамирање.

Откако телата биле заменети и погребот продолжил, сестрите велат дека никој не им се приближил.

Погребниот дом соопштил дека му се извинил на семејството и ги повикал сестрите по телефон, иако тие негираат дека имало таков разговор.

https://youtu.be/y4QBCCeiyMI

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk