logo
logo
logo

Викенд хороскоп: Среќни ќе бидат само три хороскопски знаци

Vecer | 27.02.2021

Викенд хороскоп: Среќни ќе бидат само три хороскопски знаци

Овен

Денес, многу интересни работи поврзани со љубовта ќе ви се случат. Ќе блеснете и ќе бидете исполнети со романса. Втората половина од денот се најавува како многу мирна и полна со копнеж.

Бик

Оваа сабота нема да се чувствувате многу задоволни од љубовта. Чудни мисли демнат во вашето срце и ќе се чувствувате љубоморни. Обидете се да ги контролирате вашите емоции, бидејќи на тој начин можете да привлечете нечесни луѓе во вашиот живот.

Близнаци

Викендов ќе потонете во љубов и хармонија. Сабота ќе биде возбудлив ден за вас. Многу е веројатно дека ќе пронајдете голема љубов и никогаш нема да сакате да ја пуштите.

Рак

Викендов нема да се чувствувате многу посветени на љубовта. Поголемиот дел од вашето внимание ќе биде насочено кон работните обврски и задачи. Размислете дали навистина вреди да се инвестира толку многу време во работата.

Лав

Ќе почувствувате силна потреба некој да ви каже дека ве сака и да разберете колку сте посакувани. Ќе флертувате и ќе бидете во потрага по нова љубов. Викендов е поволен за такви подвизи.

Девица

Викендов ќе се чувствувате љубоморни, но без причина. Не дозволувајте надворешни лица да се мешаат во вашата врска. Не зборувајте за љубов со колеги и познаници, бидејќи нивните совети нема да ви помогнат

Вага

Ќе блеснете од среќа и љубов. Очекувајте да добиете изненадување од вашата сакана. Вечерта, исто така, може да добиете покана за романтична вечера со свеќи.

Шкорпија

Викендов работите ќе се одвиваат според планот. Нема да има несогласување со она што го сакавте во љубовта. Ѕвездите се на ваша страна и ќе ве водат напред,

Стрелец

Во сабота нема да се чувствувате посветени на љубовта. Ќе ви недостига нешто и сосема е можно овие мрачни мисли да се појават по скандал со вашиот партнер.

Јарец

Обидете се да се контролирате, бидејќи во спротивно може да се судрите директно со партнерот. Машките претставници на зодијакот ќе бидат во потрага по голема љубов.

Водолија

Ќе треперите од среќа и љубовта ќе биде испишана на вашето лице. Ќе се чувствувате бесконечно сакани и ќе уживате во целиот викенд.

Риби

Не губете го вашето време на луѓе кои не го заслужуваат вашето внимание. Фокусирајте се на далеку позначајни и вредни работи!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk