Виена повторно е прогласен за град со најквалитетен живот во светот

Главниот град на Австрија, Виена, по деветти пат ја доби титулата за метропола со најдобар квалитет на живот во светот. Најнеквалитетно се живее во Багдад.

Меѓународната агенција „Мерсер“ дојде до заклучок дека во Виена се живее најдобро. Второпласиран е Цирих, а третото место го делат Оукленд и Минхен.

„Виена го освои првото место пред сè поради безбедноста, одличниот градски превоз и богатата културна понуда“, наведува „Мерсер“.

Меѓу првите десет градови, како и лани, поголемиот дел се градови во Европа – Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген, Базел, на петтото место е Ванкувер, а на 10. е Сиднеј.

Град со најлош квалитет на живот е Багдад, исто како и лани.

Студијата опфаќа 231 голем град врз основа на 39 критериуми, меѓу кои се политичката и економската состојба, еколошките аспекти, здравственото осигурување како и образованието.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари