(Видео) Туристите го избраа најдобриот музеј во светот

Парискиот музеј „Орсеј“ е прогласен за најдобар музеј во светот за 2018 година, според впечатоците на туристите кои гласале на веб-страницата „Трип адвајзер“. Најпознатата веб-страница за патувања секоја година составува листа на најдобри музеи, врз основа на оцени и бројот на коментари од членовите.

Орсеј, музеј, Париз

Фото: ЕПА

Во период од 12 месеци, веб-страницата ги селектира најпопуларните музеи со најдобри оцени од туристите, а на убедливо прво место се најде музејот „Орсеј“ во Париз, кој зад себе го остави Националниот музеј за 11 септември во Њујорк.

На трето место е најголемата атракција во Големото Јаболко -музејот „Метрополитен“, познат и како „Мет“, додека на четврто место е Британскиот музеј во Лондон, а на петто е музејот „Прадо“ во Мадрид.

На шесто место е музејот „Акропол“ во Атина, на седмо „Лувр“ во Париз, на осмо Националниот музеј за Втората светска војна во Њу Орлеанс. На деветтото место е Националниот антрополошки музеј во Мексико Сити, а на десетто Воениот музеј во Хо Ши Мин.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари