(Видео) Тажна вест за љубителите на Мистер Бин

Рован Аткинсон откри дека веројатно нема да се појави во улогата на легендарниот Мистер Бин.

Актерот во ток-шоуто на Грахам Нортон изјави дека дал сè што можел да даде во таа улога. „Се сомневам дека тој повторно ќе се појави. Постои момент кога ќе сфатите дека сте дале сè што може да се даде”, рече 63-годишниот актер.

Сепак, тој даде мала искра надеж. „Никогаш не вели никогаш”, додаде тој.

Иако публиката го препознава по смешните улоги, Аткинсон тврди дека зад камерата не е воопшто забавен.

Од 1990 до 1995 година снимени се 15 епизоди од серијата „Мистер Бин“ и два филма.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари