logo
logo
logo

(ВИДЕО) TAA Е НАЈВИСОКАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ: Турчинката Гелги по втор пат е запишана во Гинисовата книга на рекорди

Vecer | 14.10.2021

(ВИДЕО) TAA Е НАЈВИСОКАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ: Турчинката Гелги по втор пат е запишана во Гинисовата книга на рекорди

Румеиса Гелги од Турција е висока 2 метри и 15 сантиметри и со оваа висина е највисоката жена на светот. Таа уште еднаш влезе во Гинисовата книга на рекорди, пишува Анадолија.

Гелги има 24 години и потекнува од Карабук. На неа и бил дијагностициран Виверов синдром – ретко генетско нарушување кое се карактеризира со прекумерен раст. Во разговор за Анадолија, таа потсети дека во 2014 година ја добила титулата највисок тинејџер во светот.

Таа и додала дека поднела барање за ново мерење и повторно ја добила титулата највисоката жена во светот.

-Мојата висина е повторно измерена. Рекордот е потврден. Горда сум што сум повторно рекордерка, изјавила Гелги.

Гелги во 2014 година била висока 2 метри и 13 сантиметри, а нејзината висина на последното мерење била 2 метри и 15 сантиметри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk