(Видео) Судири во Холандија поради помошникот на Дедо Мраз

На традиционалната парада пред божиќните празници во Холандија се судрија приврзаниците и противниците на помошникот на Дедо Мраз – Црниот Пит. Холандската верзија на Црн Пит, е препознатлив по лицето обоено во црна или кафеава боја и по костумот.

Противниците на Црниот Пит сметаат дека тој обичај е расистички и навредлив за лицата со темна боја на кожата.

Нередите избија во повеќе градови во Холандија, а ротердамската полиција навела на Твитер дека уапсила три лица. Во местото Леуварден, полицијата соопштила дека спречила две групи луѓе да започнат тепачка. Тепачки биле спречени и на други места во земјата. Во судирите учествувале навивачите на најголемите клубови во земјата, како и расистички политички групи.

Според традицијата, Црниот Пит носи подароци за време на празникот Синтерклас. Тој се спушта низ оџакот додека луѓето спијат. Како што гласи преданието, Пит во деновите, кои му претходат на празникот, често може да се види на покривите на куќите, каде низ оџаците наслушува дали децата биле добри. Делењето медењаци и други слатки колачиња е негова специјалност. Црниот Пит му помага на Синтерклас, му ја носи книгата или стапот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари