logo
logo
logo

Го влечел по улица

(Видео) Шокантно, го запреле и ЗА МАЛКУ ЌЕ ГО УБИЕЛ ПОЛИЦАЕЦОТ

Vecer | 01.05.2021

(Видео) Шокантно, го запреле и ЗА МАЛКУ ЌЕ ГО УБИЕЛ ПОЛИЦАЕЦОТ

Полицаец на служба кој запрел визоло ќе ја загубел главата рано ова утро во улицата Иван Рибар во Новоберг Блок 61, во Белград и тоа при рутински контрола. Имено, двајца полицајци на кружен тек запреле возилото кое го управувал Л. Ј. (18).

Младиот човек првично го послушал полицискиот службеник, кој се сомневал дека е пијан и сакал да го исклучи од сообраќајот но, тогаш бастанало вистинско лудило.

Додека полицаецот ја отварал вратата за да го извлече надвор младиот возач кој не сакал да излезе и да се исклучи од сообраќај, возачот одеднаш додал гас влечејќи го со себе и полицаецот кој бил закачен на возолото. Притоа, удрил во друг автомобил и неговиот автомобил се искривил на лева страна по што е чудо како не се превртел бидејќи, во таква состојба, сигурно полицаецот би бил згмечен и мртов.

Возачот продолжил да вози со така оштетен автомобил за уште неколку стотици метри, а потоа тој и сопатникот излегле и избеглае меѓу зградите на Нови Београд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk