logo
logo
logo

(ВИДЕО) РУСКА СУПЕР БАБИЧКА: Му се спротистави на крадец кога се обиде да и ја земе торбата

Vecer | 23.09.2021

(ВИДЕО) РУСКА СУПЕР БАБИЧКА: Му се спротистави на крадец кога се обиде да и ја земе торбата

Рускиот медиум РТ објавија видео од бабичка на возраст од околу 70 години од градот Петровка во регионот Амур, која не попушта пред дрскиот уличен разбојник .

Иако крадецот бил барем десет пати посилен од неа, ја нападнал со намера да ја ограби.

Имено, видеото го објави локалната полиција и на него се гледа снимка од безбедносни камери на разбојникот кој и приоѓа на старицата одзади и и се обидува да и ја икраде чантата.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=JcjTpgwgrVM&feature=emb_title[/embed]

Меѓутоа, старицата не се предала, туку цврсто ја фатила торбата. Насилникот продолжил да ја влече, поради што старицата паднала на асфалтот. Меѓутоа, насилникот не попуштил, туку почнал да ја влече старицата по улицата, за во еден момент да се откаже и да побегне.

Полицијата успеала да ги идентификува сторителот и разбојникот, а за тоа дело е осомничен млад 22-годишник, кој се впуштил во грабежот откако се обложил дека ќе и ја украде торбата на старицата.

Снимката наскоро стана вирален хит на сите социјални мрежи за бабата која безмилосно ја брани својата торба по цена на животот. Поради тоа, на старицата и`била потребна медицинска помош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk