(Видео) По принудно слетување, пилот нарача 40 пици за вознемирените патници

Патниците на летот на компанијата „Американ ерлајнс“, 2354,  од Лос Анџелес до Далас не ни можеле да претпостават дека ноќта ќе ја минат на аеродром во Тексас, каде што биле принудени да слетаат.

Имено, авионот принудно слетал на аеродромот поради силната бура што го погодила северниот дел на Тексас, каде што 150 исплашени патници морале да преноќат.

Со цел да се намали тензичната атмосфера и непријатноста, пилотот Џеф Рејнс нарачал 40 големи пици за испорака до аеродромот.

Видеото направено на аеродромот покажува како пилотот оди наваму-натаму и носи пици за патниците.

„Никогаш претходно не сум видел такво нешто“, вели Џош, вработен на аеродромот кој го снимил видеото. Пилотот потоа кратко изјавил дека целиот екипаж сакал да им помогне на патниците.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари