(Видео) Пијанистот со најбрзи прсти, Питер Бенс за првпат во Македонија

Унгарскиот пијанист Питер Бенс, кој го освои интернетот со своите преработки на хитовите на Мајкл Џексон, Квин и Сиа, на 31 мај првпат ќе гостува во Македонија. Тој доаѓа во рамки на програмата за одбележување на јубилејниот, 20 Таксират фестивал. Концертот ќе се одржи во Македонска филхармонија во Скопје.

Питер Бенс е новата голема ѕвезда кој одржува концерти секаде ширум Европа. Тој е влезен во Гинисовата книга на рекорди како пијанист со најбрзи прсти. Од класична до филмска музика, од рок до поп, од Бах до Битлси, овој музичар ги руши сите бариери помеѓу класичната и модерната музика.

Минатата година тој отсвире 20 концерти на четири континенти.

Влезниците за концертот на Питер Бенс се веќе достапни во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари