(Видео) Пoследен аплауз за Милена Дравиќ

Во театарот „Звездара” е завршена комеморацијата по повод смртта на една од најдобрите актерки на нашите простори, Милена Дравиќ.

На самиот крај на комеморацијата беше пуштена песната на Арсен Дедиќ „Милена”, а во публиката на сите им беше тешко да ги задржат силните емоции и солзите. Колегите станаа и и упатија последен аплауз на Милена Дравиќ.

„Актерка со таква харизма, неповторлива и единствена. Секако, веќе нема да има таква актерка како Милена Дравиќ на нашите простори“, рече Бјелогрлиќ.

Милена Дравиќ денес ќе биде погребана во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари