logo
logo
logo

(Видео) Осудената Анита Стојова; ГО УБИВ НА СПИЕЊЕ, СО ЧЕКАН

Vecer | 11.08.2024

(Видео) Осудената Анита Стојова; ГО УБИВ НА СПИЕЊЕ, СО ЧЕКАН

Осуденичката Анита Стојова од женското одделение на Идризово во ТВ-прилог на Алфа рече дека го убила сопругот со токмак додека спиел, затоа што не знаела што ја чека ако се разбудел.

Тетовчанката вели дека 12 години трпела домашна тортура, а дека во последниве три години се чувствува подобро и побезбедно иако е во затвор.

42-годишната вели дека ниту една институција не преземала ништо во врска со нејзиниот случај иако пријавувала.

Таа првостепено била осудена на 5 години, но откако обвинителството се пожалило за казната и тврди дека таа со умисла го убила сопругот, Апелација ја досудува на 8 години затвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk