(Видео) Мигрант стана граѓанин на Франција откако херојски спаси дете кое висеше од балкон

Мигрант од Мали поздравен како херој откако покажа невидена храброст да спаси четиригодишно момче, кое висеше од балкон во Париз. На видео снимка од настанот, може да се види како Мамуду Гасама добива голема пофалба по неговото искачување од надворешниот дел на зградата за да го спаси момчето.

Тој се сретна со францускиот претседател во Елисејската палата, каде претседателот Емануел Макрон рече дека Мамуду Гасама ќе стане натурализиран граѓанин на Франција. Тој лично му се заблагодари на Гасама, му даде медал за храброст и му рече дека ќе го направи пожарникар.

Драмата се случила во саботата навечер на улица во северниот дел на градот.

Гасама рекол дека додека се шетал забележал толпа народ собрана пред зградата.

„Кога го земав во рацете и го прашав: Зошто го направи тоа? но тој не ми одговори“ изјавил Гасама.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари