Кафеава мечка залутала во станбена област во Јапонија и повредила четири лица, по што била убиена, јави јапонската телевизија НХК.

Жител на градот Сапоро, кој годинава треба да биде домаќин на маратонот на Олимписките игри и трката за брзо одење на Олимписките игри, прв ја видел мечката на улица во раните утрински часови.

Едно лице е тешко повредено.

Набргу потоа, полицијата од островот Хокаидо на Твитер напишала дека започнале потрага по мечката.

„Ако забележите мечка, бидете многу внимателни, веднаш напуштете ја областа и јавете се на 110“, предупреди полицијата.