logo
logo
logo

(ВИДЕО) Мајка споделила што нашла под креветот на нејзиниот син тинејџер - нејзините следбеници згрозени

Vecer | 27.07.2021

(ВИДЕО) Мајка споделила што нашла под креветот на нејзиниот син тинејџер - нејзините следбеници згрозени

Познато е дека собите на тинејџерите се минско поле, но и покрај тоа, тие секогаш успеваат некако да ги изненадат своите родители со количината на неред што можат да ја направат.

Една мајка по име Аманда се шокирала откако се приближила до креветот на својот син, бидејќи пронашла вистински „музеј“ од остатоци од сè што јадел тинејџерот во изминатиов период.

„Кога последен пат чистевте под креветот на вашите тинејџери?“, праша мајката во описот на видеото што го сподели на „ТикТок“.

@amandanighbertrdWhen is the last time you cleaned under your teenagers bed?!! #boys #teenagers

♬ Oh No - Kreepa

Тоа го направил, како што вели, затоа што во дома биле забранети закуски и слатки задоволства, па затоа тој решил тајно да ги јаде и да ги скрие „доказите“.

„Можело да биде и полошо“, „Навистина мислев дека ќе бидат куп чорапи“, „Во мојата соба е иста ситуација“, „Треба да бидеш среќна што немаш бубашваби“, „Мојата мајка едноставно би ме претепала“, „Чекајте, ова не е нормално?“, „Очекував нешто полошо“, беа само дел од коментарите под видеото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk