logo
logo
logo

(ВИДЕО) Љубиша беше шампион на Југославија, а денес чисти улици: Што да правам, добро е и ова што ми го даваат!

Vecer | 23.07.2021

(ВИДЕО) Љубиша беше шампион на Југославија, а денес чисти улици: Што да правам, добро е и ова што ми го даваат!

За неговата боксерска кариера и шампионски титули известуваа сите балкански медиуми. Но, кога ги остави боксерските ракавици во својот плакар и се симна од рингот, Љубиша Аврамеловиќ беше заборавен од сите.

Имено, Љубиша во својата младост бил петократен шампион на Србија и вицешампион (два пати) на Југославија. Денес, тој работи во Јавното Комунално претпријатие и е одговорен за убавото лице на Белград. Тој со метлата и лопатата во рака се сеќава на неговите успеси во боксот.

-Во 1985та година бев првак на Србија, па потоа отидов на државниот шампионат. Сам тргнав од Белград во Смедеревска Паланка каде се собраа шампионите на Србија, вели Љубиша и додава дека истата година во Марибор станал шампион на Југославија.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=yBmTiqvBtWw&feature=emb_title[/embed]

Љубиша и објаснува како немал постојан тренер но тој сам се грижел за својата исхрана, килажа и редовно тренирал. Иако многумина се чудат со што тој се занимава сега тој сепак вели дека неговата големина како човек лежи во фактот дека тој не се срами од работата која ја работи.

-Некои луѓе се уште ми велат. Како можеш да чистиш улици а некогаш си бил шампион. Зарем не можеш да си најдеш друга работа? Но не им се лутам. Си велам, добро е и ова кога ми даваат работа, завршува тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk