(Видео) Крај на една ера: Адриана Лима за последен пат прошета со крилјата на „Викторијас сикрет“

Едно од најпрепознатливите лица на брендот „Викторијас сикрет“ Адриана Лима синоќа се прости од публиката.

Годишната спектакуларна ревија на „Викторијас сикрет“ се одржа синоќа, а бразилската убавица прошета по пистата за последен пат со крилја на рамената. Ревијата се одржа во Њујорк, а Лима го искористи овој момент за да се прости од публиката и модниот бренд за долна облека.

Ова беше нејзино 20. шоу за овој бренд. „Драга Викторија, ти благодарам што ми го покажа светот, што ги сподели своите тајни и најважно не ми даде само крилја туку ме научи и да летам“, напиша Лима на Инстаграм.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари