(Видео) Крадец по гаќи пропаднал низ плафон на ресторан, се истепал со гостите и побегнал

Полицијата во Алабама соопшти денеска дека крадец без панталони пропаднал низ плафонот на еден ресторан, се истепал со гостите и побегнал од местото.

Шефот на полицијата во Тускумбија, Тони Логан вели дека 27-годишниот, Глен Бост се обидел да провали во канцеларијата на ресторанот Вафл Хаус (Waffle House) преку покривот.

Логан рекол дека Бост отишол во тоалетот и ја врзал вратата со своите панталони за никој да не влезе.

Оттаму сакал да дојде до канцеларијата, но пропаднал низ плафонот во делот со гостите кои почнал да ги удира, а потоа побегнал.

Полициајта наведува дека Бост се бара поради кражба, и дека постои уште еден осомничен кој не е идентификуван.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари