(Видео) Камионџија ги следел упатствата на навигацијата и завршил во шума

Педесет и двегодишен возач на камион следејќи ги упатствата на навигацијата завршил во шума во Австрија.

„GPS“ уредот му покажувал дека се движи во вистинската насока, па камионџијата не се откажувал иако патот се стеснувал.

Претходно следејќи ги упатствата, возачот игнорирал три знаци за забрана за возење на шумскиот пат во Националниот парк. Најпосле не можел понатаму и шлеперот почнал да се лизга низ бездната.

За среќа, како што пренесуваат медиумите, работник од националниот парк, го воочил шлеперот и ги известил надлежните служби. Во спасувачката акција учествувале неколку спасувачки и противпожарни единици, а со помош на кран шлеперот е извлечен на сигурно.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари