(Видео) Истражувачите следеа ајкула, и одеднаш морето се зацрвене

На социјалните мрежи стана вирално видеото кое покажува колку е опасна и вешта големата бела ајкула.

White Shark takes Seal off Wellfleet, MA

8/2/18 – A rarely seen window into the world of the Atlantic white shark in Cape Cod waters. The research team recorded this close up footage of a seal predation in clear water about 100 yards from the beach off Wellfleet, MA. (Warning: Graphic Images)Massachusetts Division of Marine Fisheries

Gepostet von Atlantic White Shark Conservancy am Mittwoch, 8. August 2018

Организацијата што ги истражува големите бели ајкули и се бори за нивното зачувување „Атлантик шарк конзерванси“ од Масачусетс, објави видео од една експедиција кај Кејп Код.

На видеото се гледа ајкула на која полека и се приближува брод со истражувачи. Меѓутоа, во еден момент ајкулата се упатува право кон бродот.

– Доаѓа кон нас! – се слуша еден од нив како зборува.

Наскоро им станува јасно дека ајкулата во тој момент фатила една фока.

– Погледни и ја главата! Има нешто во устата! Таа има фока! – извикува еден од членовите на екипажот.

Ајкулата се гледа како изронува, а потоа крвта ја зацрвене водата околу неа. Телото на фоката беше растргнато и крвта течеше низ морето.

Видеото набрзо стана многу популарно на Фејсбук.

Кај Кејп Код во Масачусетс се забележува се поголем број на големи бели ајкули во последно време, а причината за тоа е всушност растечката популација на фоки.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари