(Видео) Бредли Купер и Лејди Гага снимија дует

Лејди Гага и Бредли Купер се новиот славен дует. Тие ја претставија новата песна „Shallow“ која е снимена за филмот „Ѕвездата е родена“ во која главните улоги ги имаат токму тие.

Во спотот може да видиме досега необјавени сцени од филмот кои не се претставени во официјалниот трејлер.

Колку е воодушевена од пеењето на Купер, Лејди Гага откри во интервју за магазинот „Лав“. „Бредли Купер е неверојатен режисер, актер, продуцент, сценарист и текстописец. Мислам, го гледав како станува музичар, сакам да пејам со него и го сакам неговиот глас. Тој пее од душа и знае како да раскаже приказна додека пее. Овој човек знае како да биде рок ѕвезда“, рече Гага.

Филмот „Ѕвездата е родена“ премиерно ќе биде прикажан на 5 октомври.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари